четврток, 11 декември 2025 | Вести: 0

ФИФА ја одби жалбата на Бразилците

Дефанзивецот на Бразил Тијаго Силва сепак ќе го пропушти полуфиналниот меч против Германија, бидејќи светската фудбалска асоцијација – ФИФА ја одби жалбата на Бразилскиот фудбалски сојуз за нивниот капитен.

– Не можеме да ја прифатиме оваа жалба поради тоа што нема никакви основи според кои би размислувале за укинување на суспензијата, стои во образложените на ФИФА.

Бразилците се жалеа на престрого доделениот жолт картон во четвртфиналето против Колумбија, натпревар на кој Бразил победи со 2:1.

Домаќините на Светското првенство освен без Силва, вечерва (22 часот) против Германците ќе играат и без повредениот Нејмар.

Top