вторник, 23 декември 2025 | Вести: 0

Јанузај со смртни закани!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед и белгиската фудбалска репрезентација Аднан Јанузај добил неколку анонимни закани по неговиот живот.
Тој дигна прашина околу неговиот избор за настап за Белгија на светското првенство во Бразил. Јанузај е албанец по потекло од Косово и двете репрезентации беа во комбинација за потесниот избор на играчот во која репрезентација би се приклучил.
Во една од анонимните пораки преку друштвените мрежи стои дека црно му се пишува доколку стапне во Косово.
Од Англија се наведува дека полицијата ќе преземе се за да овие закани престанат.
Јанузај не ја доби шансата од селекторот на Белгија Марк Вилмотс и настапи само на еден неважен натпревар за Белгија против Јужна Кореа.
По ова се поставува прашањето дали младиот играч ја одбрал вистинската репрезентација во неговата кариера?

Top