вторник, 23 декември 2025 | Вести: 0

Една добра и една лоша вест за „гаучосите“

Играчот за врска во тимот на Аргентина, Анхел Ди Марија ќе го пропушти полуфиналниот натпревар против Холандија на СП во Бразил поради повреда на бутот, меѓутоа на теренот се враќа Кун Агуеро.

Лекарот Даниел Мартинес потврди дека Ди Марија го истегнал мускулот и нема да биде подготвен за натпреварот против Холандија, но затоа пак Агуеро ќе му биде на располагање на селекторт.

Полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Холандија ќе се одигра во среда од 22 часот во Сао Паоло, а еден ден порано во Бело Хоризонте играат Бразил и Германија.

Top