вторник, 7 јануари 2025 | Вести: 0

Матеус: Се чувствува влијанието на Гвардиола во играта на Германија

Поранешниот капитен на Германија и еден од најдобрите играчи од оваа земја Лотар Матеус изјави дека повеќето играчи кои доаѓаат од германскиот шампион Баерн Минхен го негуваат стилот на игра на Пеп Гвардиола и во германскиот национален состав.
Селекторот на Германија Јоаким Лев се соочува со се погласни критики околу начинот на игра на Германија на светското првенство.
– Германија во последните осум години играше допадлив фудбал кој не носеше конкретни резултати. Време е за промени во играта која ќе донесе позитивен резутат, а не допадлива игра. Повеќето репрезентативци во првиот состав на „Панцерите“ доаѓаат од шампионот Баерн и со себе ја носат филозофијата и стилот на игра кој го наметна Гвардиола. Победите се она што е најважно. Во Јужна Африка пред четири години игравме најдопадлив фудбал без конкретен резултат за освојување на тронот. Сега не интересира само победата, одбраната е поцврста, а таа донесува резултат – изјави Лотар Матеус.

Во полуфиналето Германија ќе игра со домаќинот Бразил и ќе се обиде да се пласира во финалето.

Top