петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Двајца судии на Светското првенство под истрага за местење натпревари

sudija1_0

Двајца судии кои делеа правда на Светското првенство се осомничени дека местеле меѓународни натпревари, но не за натпреварите во Бразил туку за претходни мечеви, пишува Goal.com.

Англиските медиуми пишуваат дека ФИФА предоцна ја дознала информацијата за да ги смени судиите од листата на делители на правда на мундијалот.

Светската фудбалска федерација за овој случај испратила соопштение до британски Дејли меил во кој не ги демантира информациите дека судиите се осомничени.

– Важно е да се напомене дека нема индиции дека е нарушен интегритетот на Светското првенство. ФИФА и понатаму блиско соработува со силите на законот, медиумите и спортските организации за да ги искорени сите манипулации во натпреварите. Ги охрабруваме сите оние кои имаат било какви информации за можни наместени натпревари да се јават на властите, стои во соопштението.

 

Top