четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Судијата Ирмантов рекордер по отсудени натпревари на светските првенства

Узбекистанскиот фудбалски судија Рашван Ирматов новиот рекордер со девет натпревари отсудени на светските првенства. Тој вчера го судеше натпреварот од четвертфиналето Холандија-Костарика и ги помина Французинот Жоел Киниу, Уругваецот Хорхе Ларионда и Мексиканецот Бенито Арчундиу, кои имаа по осум мечеви на СП.
Интересно е тоа што ова му е само второ светско првенство на Ирматов и има само 37 години. Тоа значи дека ќе има шанса значително да го зголеми бројот на натпревари на мундијалите и да биде недостижен долго време.
Ирматов е судија од 2000 година во првата узбекистанска лига, а со знакот на ФИФА се стекнал кога имал само 26 години односно во 2003 година.
Прв натпревар на Ирматов на мундијалите му бил тој пред четири години на СП во Јужна Африка меѓу домаќинот и Мексико.

Top