недела, 22 декември 2024 | Вести: 0

Тим Крул ги навади „лалињата“ за полуфинале

Во последниот четвртфинален натпревар на светското првенство Холаднија по изведување на пенали ја совлада Костарика и се пласираше во полуфиналето на мегдан со Аргентина.
Јунак на натпреварот беше голманот на Њукасл Ти Крул кој бранеше само една минута на натпреварот бидејќи селекторот на Холандија го замени првиот голман Силесен токму со Крул кој се покажа како вистински потег. Холандија доминираше во текот на сите 120 минути, но успеа да постигне гол од неколку идеални шанси. Одбраната на Коста Рика заедно со голманот Навас знаеја што бараат во натпреварот и единствената шанса за да се пласираат во полуфиналето беа изведувањата на пенали. Успешно оддолевеа на нападите, но не успеаа да бидат подобри во пеналите.
Тим Крул успеа да ги одбрани ударите на Руиз и Умања во втората и петтата серија.

Quarter final - Netherlands vs Costa Rica

За одбележување се трите стативи кои ги погодија играчите на Холандија, но многу лесно можеше да ги спакуваат куферите откако Боланос во 117 минута излезе еден на еден со Силесен, но не успеа да го совлада.
Во полуфиналињата ќе се сретнат Бразил – Германија и Аргентина – Холандија.

Top