Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во полуфиналето на светското првенство во фудбал откако попладнево ја совлада соодветната репрезентација на Белгија, минимално со 1-0.
„Црвените ѓаволи“ не беа надиграни од Аргентина и со кренати глави може да го напуштат мундијалот бидејќи на ова светско првенство прикажаа импресивна игра. Времето е пред нив бидејќи оваа млада репрезентација својот зенит треба да го достигне во годините штои следат.
„Гаучосите“ не прикажаа игра каква се очекува од еден од аспирантите за највисок пласман на ова СП, но одиграа концетрирано во текот сите 90 минути. Агресивната игра во првите 15 минути вроди со плод со голот на Игуаин во осмата минута. По една полуакција на Анхел Ди Мариа топката се одби до Гонзало Игуаин кој во манир на врвен стрелец без да погледне кон голот на Тибо Куртоа ја смести топката во долниот десен агол од голот на белгијците.
Во продолжението на натпреварот аргентиците ја контолираа играта и го забавија темпото без да им дадат шанса на младите белгијци да ја покажат нивната брза игра и да реализираат во голот на Серхио Асенко.
По пропуштената шанса на Фелаини со глава, играчите и навивачите на стадионот почнаа да го слават пласманот во полуфиналето.
Во последното четвртфинале се среќаваат Холандија и Костарика. Една од овие репрезентации ќе биде противник на Аргентина во полуфиналето.