За најдобриот бразилски фудбалер Нејмар дефинитивно е завршено светското првенство. Тој на натпреварот од четвртфиналето против Колумбија заработи скршеница на рбетниот пршлен по еден дуел со противничкиот играч Ѕунига.
По лекарските прегледи и дефинитвната одлука дека тој нема да може да им помогне до крајот на првенството на своите соиграчи се врати во тренинг кампот на бразилците во инвалидска количка. Со солзи во очите скршен од психичка болка ги примаше утехите од своите сонародници.
Во случај да Нејмар не направи операција на повредениот пршлен, ќе мора отсуствува од терните најмалку еден месец.



