Бразил во второто четвртфинале ја доби битката со Колумбија. Домаќинот на Мундијалот во седмата минута поведе со 1-0 преку голот на Тијаго Силва и слабата интервенција на одбраната на Колумбија. По паузата, во второто полувреме, поточно во 69-тата минута Давид Луиз постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Бразил од 2-0.
Десетина минути подоцна, надежта се врати кај колумбијските репрезентативци. Жулио Цезар направи прекршок за пенал кој успешно го реализираше Џејмс Родригез. За него ова беше шести гол на првенството со кој се зацврсти на првото место на листата на стрелци на светското првенство. Колумбија потоа целосно се пресели пред голот на Цезар, но Бразилците успеаа да издржат до крај и да се радуваат на полуфинале.
Во полуфиналлето против Германија, меѓу Бразилците ќе недостасува Тиаго Силва, кој доби жолт картон. Исто така, неизвесна е и играта на Нејмар кој беше повреден и изнесен на носилка.