четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Франција и Германија ја почнуваат четврт-финалната рунда

Денеска од 18 часот на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро, почнува првиот дуел од четврт-финалето од мундијалот во Бразил, во кое силите ќе ги одмерат Германија и Франција.

Во единствената четврт-финална пресметка на мундијалот, во која ќе играат две европски селекции, „триколорите“ влегуваат со максимални четири победи, без притоа да игра продолженија или да изведува пенали.

Селекцијата на Германија во пресрет на овој дуел се соочува со сериозни проблеми, германскиот селектор Јоаким Лев откри дека дури седуммина фудбалери од неговиот состав моментално се болни од грип.

Во Форталеза ќе се игра вториот четврт-финален меч, во кој ќе играат Бразил и Колумбија. Сигурно дека домаќинот Бразил ќе ја има поддршката од трибините, но Колумбија е една од трите селекции на првенството што на сите четири средби славеше победа, а во своите редови го имаат и најдобриот стрелец на првенството, Џејмс Родиригез, кој досега постигна пет гола. Средбата Бразил – Колумбија ќе почне од 22 часот.

Победниците од денешните четврт-финални средби ќе го формираат првиот полуфинален пар на СП, додека вториот ќе биде познат утревечер откако своите четвртфинални натпревари ќе ги одиграат Аргентина – Белгија и Холандија – Костарика.

Top