понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Халилхоџиќ поднесе оставка, Алжирците потпишуваат петиција да го вратат

По елиминацијата на Алжир од Светското првенство во Бразил, селекторот на оваа земја, Вахид Халилхоџиќ, поднесе оставка, пренесуваат алжирските медиуми.

Договорот на Халилхоџиќ завршил со поразот на Алжир од Германија со резултат 2-1 во осминафиналето од мундијалот.

Халилхоџиќ на клупата на Алжир седна во јули 2011 година, а оставката ја поднел еден ден по поразот на неговата репрезентација од „панцирите“.

Алжирските медиуми пишуваат дека меѓу фановите владее шок и неверување, односно сите се прашуваат зошто Федерацијата не пробала да го задржи тренерот кој направи историски успех со „пустинските лисици“.

Навивачите дури почнале со потпишување петиција за останување на Халилхоџиќ на селекторската позиција. Покрај тоа, сите репрезентативци застанале на страна на селекторот Халилхоџиќ.

Top