По испаѓањето на националниот тим на Босна и Херцеговина од Светското првенство во Бразил, познатиот босански фудбалски репрезентативец и напаѓач од редовите на Манчестер Сити, одмара на хрватското крјбрежје.
Един Џеко во друштво на својата поубава половина, неговата Амра Силајџиќ, се одмара во Дубровник.
– Конечно заслужен одмор – напиша Џеко на социјалните мрежи од Дубровник, туристичка дестинација во која ужива секое лето.