Koлумбиската пејачка со нејзината химна за овогодинешниот мундијал, ќе го затвори Светското првенство во Бразил. Шакира добила покана од организаторите да ја изведе „Ла ла ла“ на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро по прогласување на победниците, пишува колумбиски „Ел Еспектадор“.
Ова ќе биде третпат по ред таа да учествува на Светско фудбалско првенство, по настапите во 2006 и 2010 година.
Пејачката се надева дека нејзината родна Колумбија ќе игра во финалето.