Тим Хауард е нов рекордер на мундијалите според бројот на одбрани на еден меч, а синоќа против Белгија забележа 16, најмногу во историјата на СП.
Хауард бранеше извонредно, и иако прими два гола беше прогласен за играч на мечот. Белгијците упатија неверојатни 38 удари кон неговиот гол, од нив 27 во рамките на голот, а Хауард бранеше во стилот на НХЛ голманите.
САД и покрај расположениот голман загубија со 1-2 од „црвените ѓаволи“ по продолеженија и се простија од учеството на јубилејниот 20. мундијал во Бразил.