Додека публиката ужива во одличниот фудбалски меч меѓу Белгија и САД во Бразил, а американските и белгиските навивачи се маскирани во боите, обележјата и симболите на својот тим, еден Супермен влета на терен.
Подолго време беше оставен да претрча до излезот каде беше дочекан од обезбедувањето. Навивачите на двата тима, и оние маскирани како „Црвени ѓаволи“- како што ги нарекуваат белгиските репрезентативци, или американските орли, поддржани од Вондер-жената, имаа прилика да ја прочитаат пораката напишана на влетаниот на терен- „Спасете ги децата од фавелите“.
Светското првенство, како и сите големи манифестации се одлични места за промовирање на хумани кампањи, било тоа да е лгален маркетинг или пак, како и во вечерашниот случај- со предизвикување внимание искористувајќи ја секоја бесплатна шанса.
Бразил уште при подготовките на Мундијалот е под огромен притисок заради големите суми потрошени за организација, додека се справуваа со сиромаштија во огромни делови од мегалополисите, наречени фавели, каде бразилците живеат на раб на издржливост.