Продукцијата 442 продолжува со одличните цртан фимови во кои тема е светското првенство во фудбал. Седми пат по ред во главна улога е Луис Суарез и пародијата околу извинувањето до Џорџо Кјелини за неговиот неспортски потег. Извинувањето доаѓа по објавувањето на шпанските медиуми дека Барселона е сериозно заинтересирана за ангажирање на ургваецот доколку тој официјално се извини.