Играчот на Реал Мадрид и аргентинската фудбалска репрезентација Анхел Ди Марија е стрелец на едниствениот гол на претпоследниот осминафинален натпревар против Швајцарија. Тој беше стрелец на само две минути пред крајот на второто продолжение со одмерен удар во долениот десен агол од голот на Швајцарија.
Аргентина беше анемична во текот на целиот натпревар и не покажа ништо од големиот фудбалски раскош кој го поседува. „Гаучосите“ имаа повеќе посед на топката, но не успеаа да направат ништо повеќе. Индивидуалните акции не вродија со плод. Аргентина е репрезентацијата која е во потесниот круг за освојување на пехарот на светското првенство, но мора многу да ја подобрат играта ако сакаат да дојдат до посакуваниот трофеј.
Швајцарија во самиот финиш ја погоди стативата по ударот на Џемаили и можеше многу лесно победникот да се решава по изведувањето на пенали.
Аргентина својот противник во четвртфиналето ќе год добие во победникот на последниот осминафинален натпревар меѓу Белгија и САД.



