Денеска на програмата се последните осминафинални натпревари, по што ќе се знаат сите четврт-финални двојки. Од 18 часот во Сао Пауло играат Аргентина и Швајцарија, додека четири часа подоцна во Салвадор играат Белгија и САД.
Аргентинците се фаворити на средбата со Швајцарија, но ова првенство покажа дека секој може да победи секого, па затоа Аргентина нема да има воопшто лесна задача против Швајцарија.
Беглија и САД го играат последниот натпревар во осминафиналето по што ќе бидат познати сите четврт-финалисти на СП во Бразил. Мала фаворитска улога има Белгија, но и Американците не се без шанси. Тие, предводени од селекторот Клинсман, се многу мотивирани, играат одлично на мундијалот и сигурно е дека и на овој натпревар неизвесност ќе има до самиот крај.

