сабота, 20 декември 2025 | Вести: 0

Селекторот на Нигерија поднесе оставка

По поразот од Франција во осминафиналето на Светското првенство, селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Стевен Кеши, поднесе оставка.

Франција синоќа со 2:0 ја победи Нигерија со голови во последните десетина минути од натпреварот.

– Време е да му се вратам на семејството и да пронајдам нови предизвици, изјави Кеши. Тој на селекторската функција на Нигерија се наоѓаше од 2011 година.

Минатата година Нигеријците, предводени од Кеши, го освоија трофејот во Африканскиот куп на нациите.

Top