четврток, 18 декември 2025 | Вести: 0

Германија пак го расплака Алжир, не издржа и Ваха (видео)

Германија пак го расплака Алжир, овојпат на чесен начин во директен дуел на мундијалот во Бразил, а не издржа и босанскиот стратег на клупата на „пустинските лисици“. Легендарниот центарфор од поранешна Југославија, Вахид Халилхоџиќ, пушти некоја солза, по елиминацијата на неговите избраници во осминафиналето. Германците беа подобри, заслужено ќе ја продолжат битката за титулата, но и Алжирците имаат причини да бидат горди.

Round of 16 - Germany vs Algeria

Одиграа одличен турнир, првпат во својата историја ја минаат првата фаза на Светско првенство, а и на гигантот Германија ѝ пружија сериозен отпор. Халилхоџиќ ги предводеше мошне мудро, тактички. Алжир играше добро на сите натпревари и е едно од пријатните изненадувања во Бразил.

На крајот, сепак, елиминацијата донесе и тага во редовите на „пустинските лисици“ и по некоја солза на лицата на селекторот и на играчите.

Top