Маурисио Пинилја немаше среќа да биде вистински јунак на Чиле и со гол во последните моменти да ѝ обезбеди на својата репрезентација настап во четврт-финалето во Бразил. Против домаќинот на мундијалот 30-годишниот напаѓач на Калјари ја погоди пречката од голот на Цезар, а му недостигаа само сантиметри за да биде попрецизен и да ги урне надежите на 5-кратниот светски првак. Потоа на пенали Бразил се пласираше меѓу осумтте најдобри, а Чиле си замина дома иако одигра одличен натпревар и беше рамноправен ривал на фаворитот за титулата.
Пинилја одлучи да го овековечи моментот во 90. минута, кога ја погодои пречката и си направи тетоважа на грбот, прикажувајќи ја ситуацијата што можеше да му донесе слава. Токму тоа е и напишано под тетоважата – „Еден сантиметар до слава“.



