Германија ќе игра четвртфинален дерби-дуел со Франција, по победата против Алжир со 2-1, остварена по две продолженија од по 15 минути. Андреас Ширле и Месут Озил погодија во дополнителното време за пласман на „елфот“ меѓу најдобрите 8 селекции на мундијалот во Бразил.
Во регуларниот дел и двете селекции имаа многу шанси, но голманите Нојер и Мболи беа извонредни и не дозволија да им се затресат мрежите.
По 90 минути игра беше 0-0, а потоа поподготвените Германци постигнаа два гола и си обезбедија ново четврт-финале. Абделмумене Џабу постигна почесен погодок за Алжир, селекција која направи историски подвиг и првпат ја мина првата фаза на едно СП. „Пустинските лисици“ одиграа добро и против Германија, пружија силен отпор, но ривалот беше подобар и заслужено оди натаму.

