понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Суарез призна дека го гризна Кјелини

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез призна дека го гризна италијанскиот фудбалер Џорџо Кјелини на натпреварот меѓу Уругвај и Италија.

Group D - Italy vs Uruguay

Уругваецот после шест дена  од инцидентот јавно му се извини на Кјелини и се извини на фудбалската јавнот и вети дека никогаш повеќе нема да се повтори ваквиот инцидент.

suarez

– Откако минав неколку дена дома со своите најблиски, имав можност да се смирам и реално да се осврнам на она што се случуваше на нашиот натпревар против Италија одигран на 24 јуни 2014 година. Без оглед на контрадикторните изјави што се појавија во јавноста во изминатите денови, се со цел да не ја нарушам атмосферата во мојата репрезентација, сакам да кажам дека вистината е дека мојот колега Џорџо Кјелини беше гризнат од моја страна по еден наш меѓусебен дуел. Затоа: Искрено жалам за се што се случи. Му се извинувам на Џорџо Кјелини и на целокупното фудбалско семејство. Јавно ветувам дека никогаш во иднина нема да ми се повтори ваков инцидент. Монтевидео, 30 јуни 2014 –  напиша Суарез на својот официјален профил.

suarez4

Top