Селекторот на Бразил ќе добие казна од ФИФА поради навредите што ги упати кон Артуро Видал, фудбалерот на Чиле.
Голем скандал се случил за време на мечот меѓу Бразил и Чиле во рамките од осминафиналето откако селекторот на „кариоките“, Луис Фелипе Сколари, го нарече фудбалерот на Чилe, Артуро Видал, кучкин син.
Сколари бурно реагираше откако претходно Видал остро стартуваше врз Нејмар. Сепак, за таквата негова реакција нема оправдување, па се очекува ФИФА да го суспендира селекторот на Бразил.

