сабота, 6 декември 2025 | Вести: 0

Франција и Германија атакуваат на четврт-финалето

Мундијалот ни нуди две нови осминафинални средби, по што ќе бидат познати уште два тима кои ќе се натпреваруваат во четврт-финалето.

Денеска од 18 часот во Бразилија за пласман меѓу осумте најдобри на Светското првенство во фудбал ќе се борат селекциите на Франција и Нигерија.

Svajcarija Francija 06 (Custom)

– Играме против многу силен, многу незгоден противник, тим кој е составен од искусни и брзи фудбалери. Нигерија е тим со неколку квалитети. Очекувам многу тежок натпревар, очекувам неизвесност до последниот судиски свиреж. Моите фудбалери мора да се борат до последниот судиски свиреж. Ќе има борба за секоја топка – изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

Во терминот од 22 часот почнува вториот денешен натпревар. Во овој осминафинален дуел се среќаваат селекциите на Германија и Алжир, едно од најпријатните изненадувања досега на шампионатот.

Германија е фаворит и според квалитетот на играчите со кои располага, но и со играта која ја прикажа во досегашниот тек на муднијалот.

 

Top