понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Самарас вети нов тренинг-центар за репрезентацијата

samaras-antonis-Грчкиот премиер Андонис Самарас ѝ честита на грчката фудбалска репрезентација по синоќешниот натпревар во кој загуби од Костарика на Светското првенство во Бразил и вети дека Владата ќе изгради нов центар за тренинг на тимот.

– Сите Грци се горди на нашиот национален тим. Честитки за сите момчиња – рече Самарас во кратка порака откако Грција загуби од Костарика на пенали. Пред почетокот на натпреварот, играчите на Грција му напишаа писмо на Самарас во кое го информираа дека се подготвени да се откажат од бонусите што ги заработиле на мундијалот, со цел со тие пари да се изгради нов центар за тренинг на репрезентацијата.

„Не сакаме дополнителни бонуси или пари, ние само играме за Грција и нејзиниот народ. Сѐ што сакаме е да ги поддржите нашите напори да се најде локација и да си изгради спортски центар кој ќе биде дом за нашиот национален тим“, се вели во пораката од грчките фудбалери.

Грчката фудбалска репрезенатија во моментов тренира во центар во Агиос Космас во јужна Атина. Тоа е објект од Олимписките игри во 2004 година и го употребуваат и други спортски тимови.

Top