Еден од највлијателните германски неделници „Дер Шпигел“ тврди дека неколку часа пред натпреварот добиле информации оти Хрватите ќе победат со 4-0, а Камерунците во првите 45 минути ќе останат со играч помалку. Ситуацијата на теренот беше токму таква. Ако е точно нивното тврдење, скандалот ќе добие светски димензии.
„Шпигел“ пишува дека точниот резултат им го јавил Вилсон Рај Перумал, Сингапурец познат како можеби најголемиот член на таканаречената обложувачка мафија. Неколку пати бил осудуван поради местење што му дава голем кредибилитет во случајот.
Како што пишуваат хрватските медиуми, овој натпревар веќе е под лупа на ФИФА, а хрватските фудбалери немале никаква поврзаност со ова. „Шпигел“, односно, Перумал, спомнуваат седум камерунски играчи што го наместиле сето тоа.
Меѓусебната тепачка на теренот и целосно неразумниот напад со лакот на Манџукиќ ги натерале многумина да се посомневаат во Камерунците, а сомнителна била и големата расправија со Сојузот околу исплатата на премиите.
На многумина им е чудно и зошто Сонг намерно го удри Манџукиќ со лакот во грб иако на сите им е познато дека судиите на ова првенство особено се ригорозни за користење на лактите.
Останува да видиме како ќе се одвива истрагата и дали шпекулациите на „Шпигел“ ќе се потврдат.