Селекторот на репрезентацијата на Мексико, Мигел Ерера, не може да го преболи поразот на својот тим во осминафиналето од Светското првенство, а за истото го обвини португалскиот судија Педро Проенса, кој во дополнителното време од натпреварот досуди пенал за Холандија.
– Сите судии од почетокот на мундијалот беа против нас, по водството намерно се повлековме, а тоа нѐ чинеше скапо. Им благодарам на сите за поддршката, но не можевме повеќе. Робен трипати сам падна во нашиот шеснаесетник, но никој нема да каже ништо за тоа – изјави Ерера.