Историско четврт-финале и најдобар пласман на едно Светско првенство забележи Костарика по триумфот на пенали против Грција на мундијалот во Бразил.
Во пенал-серијата фудбалерите од Средна Америка ги погодија сите 5 удари, а јунак беше голманот Навас, кој бранеше одлично во текот на сите 120 минути, а го одбрани и пеналот на Гекас во пенал-рулетот, доволно за пласман меѓу осумтте најдобри фудбалски репрезентации на планетата.
Во регуларниот дел „лос тикос“ поведоа во 52. минута со голот на Брајан Руиз, а израмни Сократис Папастадопулос во 90. минута. Грците имаа предност, играа со фудбалер повеќе по исклучувањето на Дуарте во 66. минута, но не успеаја да го скршат отпорот на Костарика ниту во дополнителните 2 пати по 15 минути.
Во четврт-финалето Костарика ќе игра со Холандија, селекција што вчера го победи Мексико со 2-1.