Непосредно пред пенал рулетот против Чиле, голманот на бразилската репрезентација Цезар на неговите соиграчи им рекол дека тој ќе биде херојот, изјави Тиаго Силва.
– Пред изведување на пеналите ни кажа дека ќе одбрани три пенали. Чиле е голем тим, но најдовме сила. Најважно е дека бевме соединети како екипа, независно од било какви грешки. Ќе биде се потешко. Имаме уште три натпревари за да го оствариме својот сон и сонот на сите Бразилци, изјави Силва.
Фудбалерите на Бразил се пласираа во четврфиналето на Светското првенство по драматичната победа над Чиле.