Без казнетиот Суарез екипата на Уругвај беше немоќна против одличната екипа на Колумбија и најдобриот играч денеска Џејмс Родригез кој прво со одличен удар од дваесетина метри во 28 минута поведе а потоа и со гол од петерецот во 50 минута го постигна конечниот резултат на стадионот Маракана во Рио Де Жанеиро.
Колумбијците доминираа во најголемиот дел од мечот. Во вториот дел Уругвај се обиде да нападне но одличната одбрана на Колумбија каде доминираа Јепес и Запата не дозволи пресврт.
Родригез со денешните два гола се искачи на првото место на листата на стрелци на Мундијалот со 5 постигнати голови.
Во четвртфиналето Колумбија ќе игра со домаќинот Бразил кој во осминафиналето го елиминираше Чиле по изведувањето на пенали.

