
Метеж и паника настанеле на стадионот во Сао Пауло во Бразил, на отворањето на фудблаското Светско првенство (СП) кое е во тек, кога полициски снајперист забележал вооружен маж како и се приближува на претседателката на Бразил Дилма Русеф. Подоцна било утврдено дека и тој е дел од органите за ред.
На стадионот имаше повеќе од 60.000 гледачи, а Русеф го следеше натпреварот меѓу Бразил и Хрватска во друштво на претседателот на ФИФА Сеп Блатер и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
Вооружениот маж подоцна бил идентификуван како полицаец кој набрзо го напуштил тој сектор, а изјавил дека истражувал потенцијална закана за бомба.

