
Домаќинот на светското првенство Бразил во првиот осминафинален натпревар на светското првенство славеше победа по изведувањето на пенали (3-2) против Чиле откако натпреварот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.

Јунак за „кариоките“ беше голманот Жулио Цезар кој успеа да одбрани два пенала и да има голема среќа во последната серија откако играчот на Чиле, Хара ја погоди стативата. Со ова промашување значеше дека Бразил низ иглени уши и со неубедлива игра сепак успеа да се пласира меѓу најдобрите осум репрезентции на СП.

Рамката на голот беше сојузник за Бразил и во 120 минута од натпреварот. Среќата беше на страната на Цезар и по фантастичниот удар на Пинилја.

Во регуларниот дел стрелец за Бразил беше Давид Луис по една грешка на одбраната на Чиле во 18 минута го доведе својот тим во водство. Играчот на Барселона во редовите на Чиле Алексис Санчез кој беше најдобар поединец на теренот со одмерен удар успеа да пласира во долениот лев агол од голот на Бразил и да го израмни резултатот во 32 минута.
Од тогаш па се до 120 двете репрезентации немаа посериозни шанси за гол и прикажаа анемична игра.

