Раното заминување на повеќето европски фудбалски репрезентации од Светското првенство (СП) во Бразил, ги растажи проститутките во Рио де Женеиро, бидејќи со нив си заминаа и навивичите од тие земји.
„Дамите на ноќта“ се надеваа дека добро ќе заработат благодарејќи на европските љубители на фудбалот за време на одржување на мундијалот.
– Мислев дека ќе заработам околу 450 долари за една ноќ, но наместо тоа, ќе заработам малку повеќе од 100 – се жали 26-годишната Рита во еден познат бар на Копакабана.
– Се поскапе заради мундијалот. Хотели, ресторани – додава таа.
Лаура, нејзината колешка, исто така се жали.
– Ќе не уништи ова СП. Ни останаа Уругвајци, Чилеанци, Колумбијци, Аргентинци…и што имаме ние од тоа? Не плаќаат ништо, секогаш се шворц, сакаат бесплатно – вели разочарано Лаура.
Тие немаат убави зборови за Мексиканците и за Чилеанците.
– Пијат по цела ноќ и утрото се неподносливи. Но, не ја вадат раката од џеб, мислиш змија имаат – вели Аманда.
Таа седум години работи како проститутка и вели дека европјаните и Американците се подготвени да платат по 400 реали за една ноќ, а Јужноамериканците скромни 150 реали.
– Тоа е голема разлика. Сега ни останаа уште некои Германци и Северноамериканци. „Американосите“, како што ги нарекуваат Американците се највеликодушни, а Уругвајците сакаат љубов, но немаат многу пари. Не очекувавме дека Шпанија, Италија и Англија ќе бидат елиминирани по првиот круг – завршува Аманда.