недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Кјелини застана во одбрана на Суарез

Италијанскиот фудбалер Џорџо Кјелини, кој настрада во инцидентот со Луис Суарез, за која Ургваецот доби 9 натпревари суспензија, парична казна, но и четиримесечна забрана за учество во каква било фудбалска активност, изјави дека тоа било претерано.

– Секогаш мислев дека дисциплинските казни на официјалните фудбалски органи се праведни, но формулата што е применета на Суарез е претерана – вели Кјелини.

Тој ја изразил својата поддршка за да му биде овозможено на Суарез да биде со уругвајскиот тим сѐ додека тој е на мундијалот.

– Искрено се надевам дека ќе му биде дозволено барем да остане близу до своите соиграчи од репрезентацијата за време на натпреварите, бидејќи таква казна за еден фудбалер е навистина страшна – изјавил италијанскиот репрезентативец.

Кјелини додаде дека по казната нека никакви емоции како радост, одмазда или лутина кон Суарез бидејќи тоа што се случило на теренот било и поминало.

Top