Обезбедувањето на фудбалерите што учествуваат на мундијалот, досега работеа без грешка, но едно момче успеа да им се протне на безбедносните служби и да влезе во собата на најдобриот фудбалер, Кристијано Роналдо.
Инцидентот се случил ноќта пред мечот Португалија и Гана, а јавноста ова го дозна дури по еден ден.
Младиот Јаго Леал, 15-годишен средношколец, успеал преку покривот да влезе во хотелот каде што била сместена репрезентацијата на Португалија, а потоа да ја пронајде собата на Кристијано Роналдо, која во тој момент била празна.
– Легнав на креветот бидејќи знаев дека треба да се врати, кога дојде, тој со мене се однесуваше пристојно. Рече дека би било добро да си одам, а тој нема да го повика обезбедувањето – изјави Јаго Леал за магазинот „Глобеспорт“.