четврток, 2 јануари 2025 | Вести: 0

Гордиот Вахид Халилхоџиќ

Селекторот на Алжип босанскиот тренер Вахид Халилхоџиќ изјави дека е горд на својата екипа. Тој додава дека неговата репрезентација одиграла херојски во натпреварот против Русија во кој неговите избраници одиграа 1-1 и заслужено се пласираа во осминафиналето.

– Многу сум горд. Одигравме херојски и заслужено се пласиравме понатаму. Репрезентацијата на Алжир многу напредуваше во последните три години и овој успех се должи на целосна посветеност и работа на алжирските репрезентативци. Добиваме подршка од целиот арапски свет, но и луѓето во Бразил ја ценат нашата искреност и ентузијазам.Горд сум на тоа како нашата екипа игра – изјави Халилхоџиќ по мечот против Русија.

– Ова е остваруње на мојот сон, но и сонот на сите алжирци и наши подржувачи ширум светот. Играме добро и заслужено се пласиравме во осминафиналето – додаде селекторот Халилхоџиќ.

Алжир во групата Х заврши на второто место и во осминафиналето ќе игра против Германија.

– Сега сите ќе зборуваат за натпреварот Алжир-Германија на СП 1982 во Шпанија. Но тој натпревар беше пред 32 години – заврши селекторот.

Top