Селекторот на Русија, италијанскиот тренер Фабио Капело, за неуспехот на Светското првенство во Бразил ги обвини судиите.
Русија на последниот натпревар во групата Х одигра 1-1 со Алжир, но тој поен не беше доволен за пласман во следната рунда и со тоа „зборнаја“ ги заврши натпреварите и се враќа дома. По три кола, Русија освои само два бода на ова Светско првенство.
Убедливо најплатениот селектор на ова Светско првенство, со годишна заработувачка од 7,8 милиони евра, не ги оправда парите од рускиот сојуз, но тој, сепак, се вади на лошото судење.
– Разочаран сум. Не сакам да зборувам за судиите, но секогаш судат против Русите. Вчера повторно не ни е досуден чист пенал. Не разбирам зошто сите судии се против нас – изјави Капело за италијанските медиуми.
Во осминафиналето од групата Х се пласираа Белгија и Алжир.

