петок, 10 јануари 2025 | Вести: 0

Во Бразил цутат лалиња, во друштво на нескротливи лавови, змејови и пустински лисици

Вкуп­но 32 ре­пре­зен­та­ции со­ну­ва­ат за до­бар плас­ман, за до­бар впе­ча­ток на ју­би­леј­ни­от, 20. мун­ди­јал што се игра во зем­ја­та ка­де што фуд­ба­лот се до­жи­ву­ва со по­себ­на страст. „Ка­ри­о­ки­те“ се нај­тро­феј­на­та се­лек­ци­ја на си­те вре­ми­ња со 5 ти­ту­ли, се на­де­ва­ат на осво­ју­ва­ње и на ше­ста­та кру­на, ток­му пред сво­ја­та пуб­ли­ка, но кан­ди­да­ти има мно­гу. И тоа со не­ве­ро­јат­но ко­ло­рит­ни пре­ка­ри, што му да­ва по­се­бен шмек на шам­пи­о­на­тот

Свет­ско­то пр­венс­тво во фуд­бал во Бра­зил ја ми­ну­ва пр­ва­та фа­за ко­га нат­пре­ва­ри­те се игра­ат по гру­пи, а ве­ќе се пра­ват кал­ку­ла­ции кои се­лек­ции ќе се пла­си­ра­ат во но­ка­ут-фа­за­та во ос­ми­на­фи­на­ле­то. Вкуп­но 32 ре­пре­зен­та­ции со­ну­ва­ат за до­бар плас­ман, за до­бар впе­ча­ток на ју­би­леј­ни­от, 20. мун­ди­јал што се игра во зем­ја­та ка­де што фуд­ба­лот се до­жи­ву­ва со по­себ­на страст. „Ка­ри­о­ки­те“ се нај­тро­феј­на­та се­лек­ци­ја на си­те вре­ми­ња со 5 ти­ту­ли, се на­де­ва­ат на осво­ју­ва­ње и на ше­ста­та кру­на, ток­му пред сво­ја­та пуб­ли­ка, но кан­ди­да­ти има мно­гу. И тоа со не­ве­ро­јат­но ко­ло­рит­ни пре­ка­ри, што му да­ва по­се­бен шмек на шам­пи­о­на­тот. „Пу­стин­ски ли­си­ци“ про­тив „су­пе­рор­ли“. Во игра е и „ора­ње“, на мун­ди­ја­лот игра­ат и „цр­ве­ни ѓа­во­ли“, по­тоа и „ел три“, опас­ни се и „цр­ве­на­та фу­ри­ја“ и „збор­на­ја“, вни­ма­вај­те на „са­му­ра­и­те“ и осо­бе­но на „лос ти­кос“. Еве ја при­каз­на­та за си­те ре­пре­зен­та­ции и за тоа под ка­кви ими­ња се поз­на­ти, ка­ко на­ста­на­ле и што зна­чат.

 

А

„Се­ле­као“ ја до­би би­тка­та со хр­ват­ски­те „ва­тре­ни“, „ел три“ ги при­пи­то­ми „не­скрот­ли­ви­те ла­во­ви“

Sport94-A

Бра­зил ја пред­во­ди гру­па­та А и е еден од фа­во­ри­ти­те на шам­пи­о­на­тот, а шан­си­те им се до­бри и по­ра­ди до­маш­ни­от те­рен. Фи­на­ле­то ќе се игра во Рио де Жа­не­и­ро, а ток­му от­ту­ка по­тек­ну­ва ед­но од ими­ња­та на бра­зил­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Ги на­ре­ку­ва­ат „ка­ри­о­ки“, што зна­чи лу­ѓе кои по­тек­ну­ва­ат од Рио. Офи­ци­јал­ни­от пре­кар им е „се­ле­као“ (А Seleção) или на­ци­о­нал­на се­лек­ци­ја, на­зив што Бра­зил­ци­те го ко­ри­стат за си­те ре­пре­зен­та­ции во кој бил спорт.

И по­пу­лар­ни­те „ва­тре­ни“ од Хр­ват­ска при­ка­жаа со­лид­на пар­ти­ја на стар­тот од шам­пи­о­на­тот иа­ко за­гу­би­ја од Бра­зил со 1-3. Име­то „ва­тре­ни“ асо­ци­ра на тем­пе­ра­мен­тот на игра­чи­те и на на­ви­ва­чи­те на Хр­ват­ска, а ги на­ре­ку­ва­ат и „коц­ке­сти“ по­ра­ди коц­ки­те на дре­сот во цр­ве­но-бе­ла бо­ја.

На­јин­те­рес­но­то вто­ро име во оваа гру­па, ве­ро­јат­но, им при­па­ѓа на Ка­ме­рун­ци­те кои по­пу­лар­но се на­ре­че­ни „не­скрот­ли­ви ла­во­ви“ (The Indomitable Lions). Тер­ми­нот до­а­ѓа од нај­поз­на­то­то жи­вот­но во оваа афри­кан­ска зем­ја и осо­бе­но од на­по­ри­те на та­мош­на­та за­ед­ни­ца за за­шти­та на не­скрот­ли­ви­от крал на жи­вот­ни­те – ла­вот.

Ме­кси­ко во пр­во­то ко­ло ус­пеа да ги скро­ти, па по­пу­лар­ни­те „ел три“ (El Tri) осво­и­ја зна­чај­ни бо­до­ви. Пре­ка­рот на Ме­кси­кан­ци­те е чи­ста скра­те­ни­ца од три­ко­ло­ри, што е асо­ци­ја­ци­ја на три­те бои, цр­ве­на, бе­ла и зе­ле­на, на на­ци­о­нал­но­то зна­ме. Ва­ков пре­кар има­ат уште не­кол­ку ре­пре­зен­та­ции на СП во Бра­зил.

 

Б

Рас­цу­те­ни ла­ли­ња во Бра­зил

Sport94-B

И во гру­па­та Б има че­ти­ри ре­пре­зен­та­ции со мно­гу ин­те­рес­но вто­ро име. Свет­ски­от пр­вак Шпа­ни­ја до­жи­веа ви­стин­ски де­бакл од 1-5 во дер­би­то со Хо­лан­ди­ја, но „цр­ве­на­та фу­ри­ја“ си­гур­но не­ма да се отка­же од шам­пи­он­ски­те ам­би­ции. Пре­ка­рот „цр­ве­на­та фу­ри­ја“ (La Furia Roja) е сим­би­о­за од две ра­бо­ти, бо­ја­та на дре­со­ви­те, ко­ја е цр­ве­на, и фу­ри­оз­на­та агре­сив­на игра на Шпан­ци­те.

Не­о­че­ку­ва­но моќ­но на стар­тот на СП во Бра­зил рас­цу­теа хо­ланд­ски­те „ла­ли­ња“. Тоа им е еден од не­кол­ку­те пре­ка­ри на Хо­лан­ѓа­ни­те, а ви­стин­ски­от е „орање“ по­ра­ди пор­то­ка­ло­ва­та бо­ја на дре­со­ви­те (од анг­ли­ски orange).

Кон­ку­рент за плас­ман на­та­му е и се­лек­ци­ја­та на Чи­ле или по­пу­лар­ни­те „ла ро­ха“ (La Roja). Кај нив об­јас­ну­ва­ње­то е ед­но­став­но, пре­ка­рот го има­ат спо­ред бо­ја­та на дре­со­ви­те, ко­ја е цр­ве­на. Ау­тсај­де­ри во ова друш­тво се Ав­стра­лиј­ци­те. „Со­ке­ро­си­те“ за­гу­би­ја од Чи­ле со 1-3 и тре­ба да на­пра­ват две сен­за­ции со Шпа­ни­ја и со Хо­лан­ди­ја за да се на­де­ва­ат на плас­ман во ос­ми­на­фи­на­ле­то. Кај нив има микс во пре­ка­рот од фуд­бал (со­кер) и кен­гур (kangaroos), жи­вот­но­то што е сим­бол на Ав­стра­ли­ја.

 

Ц

Ко­лум­би­ско­то ка­фе со горч­лив вкус за Гр­ци­те, сло­но­ви­те по­ус­пеш­ни од са­му­ра­и­те

Sport94-C

Ко­лум­би­ја ја до­би би­тка­та со Гр­ци­ја, и тоа убед­ли­во, а на­ши­от ју­жен со­сед не го оправ­да пре­ка­рот „пи­ра­ти­ко“ (Piratiko) или пи­рат­ски брод што еден грч­ки ко­мен­та­тор им го да­де во 2004 го­ди­на на ЕП во Пор­ту­га­ли­ја. Прв из­бор на пре­кар кај Гр­ци­те е „ет­ни­ки“ (Ethniki), што во пре­вод зна­чи на­ци­о­на­лен со­став.

Ко­лум­биј­ци­те во тра­ди­ци­ја­та на сво­јот најз­на­ча­ен из­во­зен про­из­вод, ка­фе­то ја пре­поз­на­ва­ат ре­пре­зен­та­ци­ја­та по пре­ка­рот „лос кафе­те­рос“ (Los Cafeteros). Или во пре­вод, „тој што пра­ви или кон­су­ми­ра ка­фе“.

Кон­ку­рен­ти за две­те пр­ви ме­ста во оваа гру­па се и Бре­гот на Сло­но­ва­та Ко­ска и Ја­по­ни­ја. Ин­те­рес­на бе­ше би­тка­та во Ре­си­фе ме­ѓу „сло­но­ви­те“ и „са­му­ра­и­те“. За ре­пре­зен­та­тив­ци­те од Афри­ка е со­се­ма ло­ги­чен пре­ка­рот што го но­сат по­ра­ди по­ве­ќе­ве­ков­на­та тра­ди­ци­ја на из­воз на мно­гу це­не­та­та сло­но­ва ко­ска. Ја­пон­ци­те се поз­на­ти ка­ко „са­му­раи“ (Samurai Blue), спо­ред бе­ском­про­мис­ни­те во­и­ни. Ка­ко до­пол­ну­ва­ње на вто­ро­то име е вмет­на­та си­на­та бо­ја спо­ред дре­со­ви­те на ре­пре­зен­та­тив­ци­те што до­а­ѓа­ат од зем­ја­та на из­греј­сон­це­то.

 

Д

Гру­па­та на смрт­та во зна­кот на си­на­та бо­ја и на тро­фе­и­те

Sport94-D

Гру­па­та Д го до­би епи­те­тот гру­па на смрт­та по­ра­ди те­жи­на­та, ква­ли­те­тот и огром­но­то ре­но­ме во све­тот на фуд­ба­лот на три­те ве­ли­ка­ни Ита­ли­ја, Анг­ли­ја и Уру­гвај. Со нив ап­со­лу­тен ау­тсај­дер тре­ба­ше да би­де Ко­ста­ри­ка, но мом­чи­ња­та од Сред­на Аме­ри­ка на­пра­ви­ја сен­за­ци­ја со по­бе­да­та про­тив Уру­гвај. Ги пре­поз­на­ва­ат ка­ко „лос ти­кос“ (Los Ticos) или шпан­ски на­зив за до­мо­род­но­то на­се­ле­ние во Ко­ста­ри­ка. Пред нив­ни­те опас­ни на­ле­ти пад­на „ла се­ле­сте“, од­нос­но ка­ко што ја поз­на­ва­ме ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Уру­гвај. Об­јас­ну­ва­ње­то е ед­но­став­но и ту­ка глав­на­та уло­га во пре­ка­рот ја има бо­ја­та, не­бес­но­си­на, во ко­ја на­ста­пу­ва­ат по­пу­лар­ни­те „уру­си“.

Сли­чен пре­кар има­ат и Ита­ли­јан­ци­те или ле­ген­дар­ни­те „азу­ри“, по си­на­та бо­ја на дре­со­ви­те. Ед­но од нај­ста­ри­те крал­ски се­мејс­тва во ре­ги­о­нот во Са­вој ги има­ло азур­ни­те обе­леж­ја ка­ко свој сим­бол при обе­ди­ну­ва­ње­то на Ита­ли­ја во 1861 го­ди­на.

Крал­ски еле­мен­ти има и кај Анг­ли­ча­ни­те. Пре­ка­рот „три­те ла­ва“ асо­ци­ра на бо­га­та­та исто­ри­ја на Обе­ди­не­то­то Кралс­тво, а да­ти­ра од вре­ме­то на не­ко­гаш­ни­от крал Ри­чард Ла­вов­ско Ср­це. Амб­ле­мот што го има­ат анг­ли­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци на дре­со­ви­те е ист со тој што го има крал­ска­та ар­ми­ја на Анг­ли­ја. Ги на­ре­ку­ва­ат и гор­ди­от Ал­би­он, а ин­те­рес­но е што во оваа гру­па се со­бра­ни се­лек­ци­и­те со најм­но­гу ти­ту­ли. Ита­ли­ја со 4 е вто­ро­ран­ги­ра­на нај­тро­феј­на фуд­бал­ска на­ци­ја зад Бра­зил, Уру­гвај има две кру­ни, а Анг­ли­ја ед­на или вкуп­но си­те за­ед­но – 7.

 

Е

До­ми­на­ци­ја на „три­ко­ло­ри­те“

Sport94-E

Во пет­та­та гру­па до­ми­ни­ра­ат „три­ко­ло­ри­те“. Две се­лек­ции во ова друш­тво, Фран­ци­ја и Еква­дор, има­ат исто вто­ро име „три­ко­ло­ри“ (La Tricolor или Les Tricolores) по­ра­ди три­те бои на др­жав­ни­те зна­ми­ња. Фран­ци­ја го но­си и пре­ка­рот „мом­чи­ња во си­но“ (Les Bleus) и „гал­ски­те пет­ли“ по сим­бо­лот на оваа зем­ја. Швај­ца­ри­ја е три­ја­зич­на зем­ја, но пре­ка­рот „ла на­ти“ (La Nati), што на фран­цу­ски зна­чи на­ци­о­на­лен тим, е пре­поз­нат­лив и во ита­ли­јан­ски­те, фран­цу­ски­те и во гер­ман­ски­те кан­то­ни на оваа зем­ја. За да не би­де мо­но­то­но со пре­ка­ри­те во гру­па­та Е, се по­гри­жи Хон­ду­рас. Ре­пре­зен­та­ци­ја­та на оваа зем­ја е поз­на­та ка­ко „лос ка­тра­чос“ (Los Catrachos), пре­кар за до­ми­цил­но­то на­се­ле­ние по слав­ни­от ге­не­рал Фло­рен­сио Кса­труч, кој се бо­рел про­тив аме­ри­кан­ска­та иде­ја за вра­ќа­ње на ропс­тво­то во Сред­на Аме­ри­ка. По­доц­на на­зи­вот кса­тру­чо­си се из­ме­нил во ка­тра­чо­си или след­бе­ни­ци на ге­не­ра­лот Фло­рен­сио.

 

Ф

Бо­сан­ски­те „зме­јо­ви“ единс­твен де­би­тант во Бра­зил

Sport94-F

Бос­на и Хер­це­го­ви­на е во транс по исто­ри­ски­от плас­ман на Свет­ско пр­венс­тво во фуд­бал. Бо­сан­ци­те ве­ќе де­би­ти­раа со по­раз од Ар­ген­ти­на на ле­ген­дар­на­та „Ма­ра­ка­на“, а во мо­мент на инс­пи­ра­ци­ја на еден од ко­мен­та­то­ри­те во 2010 го­ди­на го до­би­ја и пре­ка­рот „зме­јо­ви“, по кој ста­наа пре­поз­нат­ли­ви. Пре­ви­со­ка преч­ка на стар­тот за нив беа мом­чи­ња­та во не­бес­но­си­но-бе­ла ком­би­на­ци­ја од Ар­ген­ти­на или по­пу­лар­ни­те „La Albiceleste“. Во ова друш­тво ќе има ин­те­рес­на би­тка ме­ѓу бо­сан­ски­те „зме­јо­ви“ и „су­пе­рор­ли­те“ од Ни­ге­ри­ја. Пре­ка­рот на прет­став­ни­ци­те од афри­кан­ски­от кон­ти­нент да­ти­ра од 1988 го­ди­на ко­га во фи­на­ле­то за кон­ти­нен­тал­на­та ти­ту­ла беа по­ра­зе­ни од Ка­ме­рун. На ин­те­ре­сен на­чин са­ми­те си се име­ну­ваа ка­ко „су­пе­рор­ли“, ве­ро­јат­но за нов сти­мул во по­хо­дот за по­до­бри ре­зул­та­ти на фуд­бал­ски план. Во ова друш­тво се и „ла­во­ви­те од Иран“ (Sirane Iran) или, ка­ко што са­ми­те се на­ре­ку­ва­ат, „тим ме­ли“ (Team Melli), што во пре­вод зна­чи на­ци­о­на­лен тим.

 

Г

Бај­ка­та за „ел­фот“ – фуд­ба­лот го игра­ат 22 игра­чи и се­ко­гаш по­бе­ду­ва Гер­ма­ни­ја

Sport94-G

Га­ри Ли­не­кер, ле­ген­да­та на анг­ли­ски­от фуд­бал, ја из­го­во­ри ле­ген­дар­на­та ре­че­ни­ца: „Фуд­ба­лот е про­ста игра во ко­ја 22 фуд­ба­ле­ри ја бр­ка­ат топ­ка­та 90 ми­ну­ти и на кра­јот се­ко­гаш по­бе­ду­ва Гер­ма­ни­ја“. Тоа е бај­ка­та за „ел­фот“ или во пре­вод од гер­ман­ски „еди­на­е­сет­те­ми­на“ што се­ко­гаш по­бе­ду­ва­ат. Гер­ма­ни­ја има 3 ти­ту­ли и е ги­гант што со­се­ма ве­ро­до­стој­но ги по­твр­ду­ва збо­ро­ви­те на Ли­не­кер. „Die Mannschaft“ или „ти­мот“ по­втор­но е ме­ѓу фа­во­ри­ти­те за ти­ту­ла­та. Ќе им кон­ку­ри­ра­ат европ­ски­те Бра­зил­ци од Пор­ту­га­ли­ја пред­во­де­ни од Кри­сти­ја­но Ро­нал­до. „Се­лек­ци­ја­та со шти­то­ви“ (Seleção das Quinas) е опас­на за си­те про­тив­ни­ци, а пре­ка­рот им е спо­ред на­ци­о­нал­но­то обе­леж­је на зна­ме­то со 5 шти­та и на се­кој од нив по 5 точ­ки. Ин­те­рес­но е што во оваа гру­па е и единс­тве­на­та се­лек­ци­ја, САД, што не­ма свој пре­поз­нат­лив пре­кар. За­тоа, пак, мош­не ко­ло­ри­тен е тој на ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Га­на. Ги на­ре­ку­ва­ат „цр­ни­те ѕвез­ди“ (The Black Stars). Зна­ме­то на Га­на е пре­кри­е­но со ѕвез­ди, а за на­ви­ва­чи­те во та­ков кон­текст нив­ни­те ми­ле­ни­ци се „цр­ни ѕвез­ди“.

 

Х

Гру­па Х – ви­стин­ско ме­сто за цр­ве­на­та бо­ја, има ѓа­во­ли, во­и­ни, ар­меј­ци и ли­си­ци

Sport94-H

Гру­па­та Х е ви­стин­ско­то ме­сто за цр­ве­на­та бо­ја, ко­ја е за­ед­нич­ка ни­шка на на­ци­о­нал­ни­те обе­леж­ја, но и на вто­ри­те ими­ња на Бел­ги­ја, Ру­си­ја, Јуж­на Ко­ре­ја и Ал­жир. Две од нив има­ат за­ед­нич­ко вто­ро име и ги на­ре­ку­ва­ат „цр­ве­ни ѓа­во­ли“ (Red Devils). За Бел­гиј­ци­те та­кви­от сим­бол е дам­не­шен, а од 1995 го­ди­на тој пре­кар е ка­ра­кте­ри­сти­чен и за Јуж­на Ко­ре­ја. Тие, се­пак, има­ат свој ори­ги­нал и ги на­ре­ку­ва­ат „та­е­гук во­и­ни“ (Taegeuk Warriors). Ги одра­зу­ва ду­хов­ни­от ба­ланс и бор­бе­ни­от мо­рал на Јуж­но­ко­реј­ци­те. Ту­ка е и моќ­на­та „збор­на­ја“ (Sbornaya) или во пре­вод на­ци­о­нал­ни­от тим на Ру­си­ја. Ги на­ре­ку­ва­ат и ар­меј­ци, ба­ќу­шки, но пре­поз­нат­ли­ви се по нив­ни­от ори­ги­на­лен пре­кар „збор­на­ја“.

И Ал­жир­ци­те си има­ат свое обе­леж­је, а тоа се пу­стин­ски­те ли­си­ци, жи­вот­но ка­ра­кте­ри­стич­но за пре­де­ли­те на Ма­греб. По­пу­лар­ни­те „пу­стин­ски ли­си­ци“ (Les Fennecs) во Бра­зил ќе по­ка­жат да­ли се итри ка­ко ли­си­ци во оби­дот да ги над­му­драт ри­ва­ли­те од гру­па­та Х.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 94. број на неделникот „Република“, 20.06.2014)

Top