Кога кај нив се вели „фудбал“, се мисли на американски фудбал, додека, пак, оној вистинскиот фудбал кој моментално целиот свет го гледа во Бразил за нив е „сокер“.
Иако се знае дека сокерот не е меѓу најпопуларните спортови во САД, Американците масовно го прославија пласманот на нивната репрезентација во осминафиналето од мундијалот, во кое ќе играат со Белгија.