четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Роналдо: ФИФА го прати Суарез во темната соба кај лошиот волк

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо беше критичен кон ФИФА која, според неговото мислење, го казнила Суарез со само четири месеци суспензија поради гризењето на Кјелини.

– Зошто мене ме прашувате за Суарез? Јас никогаш никого не сум гризнал, но знам дека тоа боли. Моите деца знаат да ме гризнат, па ги праќам во темна соба и им велам дека таму ги чека лош и голем волк. Така изгледа казната на ФИФА за Суарез. Фудбалот треба да има едукативна функција, но овде тоа не е случај – изјави Роналдо.

ФИФА го суспендираше Суарез со четири месеци неиграње поради тоа што го гризна Кјелини на натпреварот меѓу Уругвај и Италија.

Top