Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу САД и Германија од последното коло на групата Г, на Светското првенство (СП) кое е е во тек во Бразил се гледаше во живо и во вселенска станица. Во вселената во моментов се наоѓа една станица со тричлен екипаж.
Американците Рид Вајзмен и Стив Свенсон се во друштво на нивниот германски колега Александер Герст.
Според пишувањата на медиумите, тие се обложиле. По победата на Германија, двајцата американски астронаути мораа да си ја избричат главата.
– Беше многу интересно. Фудбалот ја разби монотонијата – изјави германскиот астронаут Герст.
Пред натпреварот беше објавен и краток видеоклип во кој астронаутите ги демонстрираа своите фудбалски вештини.