понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Клинсман пишува оправданија за отсуство од работа

USA press conference

Четврток е голем ден за сите фудбалски симпатизери во САД. Селекторот Јирген Клинсман се вклучи за да ѝ помогне на нацијата.
По нерешениот резултат со Португалија (2-2), Американците во последниот дуел од групната фаза против Германија влегуваат со голема желба и мотивација да остварат голем успех и да се пласираат во осминафиналето. За тоа им е потребен нерешен резултат против репрезентацијата која е еден од главните фаворити за освојување на трофејот.
Влогот е голем и тоа го знаат сите граѓани во САД. Клинсман се потруди сите што сакаат да го гледаат натпреварот и да им дадат поддршка на своите миленици непречено да го проследат мечот.
Јирген Клинсман состави бланко-оправудавање за секој работник во САД за негово отсуство од работа.

klinsman

Top