На петнаесеттиот ден од мундијалот ќе бидат познати сите двојки во осминафиналето, а денеска на програмата е расплетот од последните две групи Г и Х.
Во 18 часот се играат натпреварите од третото коло во групата Г, Германија – САД и Португалија – Гана, додека од 22 часот на програмата се натпреварите од групата Х, Белгија – Јужна Кореја и Русија – Алжир.
Германија:
„Панцирите“ сигурно ќе одат натаму доколку не загубат од САД. Ако загубат, ќе одат во осминафиналето, во случај Гана или Португалија да не остварат убедливи победи.
САД:
На Американците им одговара победа и реми за во наредната фаза, па затоа се очекува двата тима да одиграат мирољубиво. Американците се во добра позиција бидејќи доколку загубат, имаат подобра-гол разлика, за два гола од Гана, а за пет од Поертугалија.
Гана:
Африканците се надеваат на осминафинале, а за тоа им е потребна победа над Португалија и пораз на САД или во потешкиот случај пораз на Германија. Во зависност од висината на победата, односно поразот на САД или Германија и гол-разликата, тие имаат шанса за следната фаза.
Португалија:
Португалија се наоѓа во најтешката ситуација бидејќи за втората фаза им е потребна убедлива победа над Гана и тежок пораз на САД во дуелот со Германија. Влез во осминафиналето засега изгледа како невозможна мисија за Португалија.
Белгија:
„Ѓаволите“ се пласираа во осминафиналето, а од мечот со Јужна Кореја зависи дали ќе одат како први или втори во групата. Победа или реми на Белгијците им гарантира полесен противник во следната фаза.
Алжир:
Алжир по победата над Јужна Кореја има сѐ во свои раце во дуелот против Русија. За историски пласман им е доволно и реми доколку Јужна Кореја не победи против Белгија со четири гола разлика.
Русија:
Едно од најнепријатните изненадувања на првенството и натаму има шанса за осминафинале. Потребна им е победа над Алжир.
Јужна Кореја:
Корејците се во најтешка позиција бидејќи за пласман во следната фаза мора убедливо да го победат лидерот Белгија, а при тоа Алжир да не победи.

