понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

И Хондурас остана без селектор

По вчерашниот пораз од репрезентацијата на Швајцарија, Хондурас е петтиот учесник на Светското првенство во Бразил што остана без селектор по одигрувањето на натпреварите во групната фаза.

По третиот пораз во исто толку натпревари во групата Е и само еден постигнат и осум примени гола, селекторот Луис Фернандо Суарез реши да поднесе оставка од функцијата.

Покрај 54-годишниот селектор на Хондурас, селекторските места изминатите два дена ги напуштија и Чезаре Прандели (Италија), Сабри Ламуши (Брегот на Слоновата Коска), Алберто Закерони (Јапонија) и Карлос Кирош (Иран).

Top