Со последните два натправара од третото коло заврши разврската од групата Ф на светското првенство (СП).
Аргентина ја победи Нигерија со 3-2, откако фудбалскиот виртуоз Лионел Меси постигна два гола, а третиот гол за аргентинците беше дело на Ројо. Двата гола за Нигерија која и покрај поразот успеа да се пласира во осминафиналето ги постгина Ахмед Муса.
Интересен беше стартот на натпреварот бидејќи за само четири минути двете репрезентации постигнаа по еден гол.
Меси го отвори резултатот, а по само неполна минута Муса израмни на спортивната страна. Вториот гол на Меси беше вистинско ремек дело од слободен удар во судиското продолжение од првиот дел.
Второто полувреме стартуваше како и првото. По само пет минути по еден гол во мрежите на двете репрезентации. Најпрвин Муса го израмни резултатот на 2-2, додек конечните 3-2 ги постигна младиот играч од одбраната на Аргентина, Ројо.
До крајот на натпреварот и двете репрезентации имаа по неколку прекрасни шанси да постигнат уште по некој гол, но напаѓачите на двата тима не се снајдоа во самиот финиш од акциите.
Иран ја имаше историската шанса на светските првенства. Со победа над Босна ќе се пласираа во осминафиналето, но во тоа не успеаја. Во прилог им одеше и резултатот од натпреварот Аргентина-Нигерија.
Сепак избраниците на Сафет Сушиќ не дозволија победа на иранците и победија со 3-1. Ова е прва историска победа за БиХ по првото учество на мундијалите во својата историја. 25 јуни ќе биде запишан со златни букви во историјата на босанскиот фудбал.
Един Џеко беше стрелец на првиот гол со одмерен удар од 20 метри и со тоа ја докажа својата светска класа. На 2-0 зголеми Пјаниќ во 59 минута. Иранците единствениот гол го постигнаа преку Гочанеџад во 82 минута. Само минута покасно Врсајевиќ го постави конечниот резултат од 3-1.



