Произведени специјално за Светското првенство во Бразил, овие кондоми имаат летен и освежувачки вкус, според бразилскиот коктел Каипириња.
Се работи за мешавина од силен алкохолен пијалак од шеќерна трска, шеќер и лимета, најпознат и најпопуларен коктел меѓу Бразилците и нивните туристи.

Презервативите се прогласени за неофицијални кондоми на Светското фудбалско првенство во фудбал, а првата пратка од 864.000 пакувања со по три кондоми е распродадена за само 15 дена.
Освен овој вкус во производството на оваа компанија влегле и вкусовите на: чоколада, банана, кромид, сланина и „Кока-кола“.

