Стотина шпански навивачи залудно дојдоа на аеродромот за да ги пречекаат фудбалерите кои се посрамотија наСП во Бразил.
На аеродромот во Мадрид фановите, ги чекаа своите идоли да им дадат поддршка, иако Шпанија се посрамоти на Мундијалот.
Но, навивачите ги чекаше разочарување. Додека ги чекаа, сфатија дека залудно чекаат. Стоеја на аеродромот држејќи во рацете транспаренти со поддршка, а за тоа време шпанските фудбалери кукавички избегаа на споредниот излез.

