Четиринаесетиот ден од мундијалот носи расплет во групите Ф и Е. Аргентинците и Французите мирно го чекаат последниот меч во групата, додека пак во трка за осминафиналето се надеваат Нигерија, Иран и Швајцарија и Еквадор.
Франција води во Е групата со две победи во првите две кола, Хондурас со два пораза нема шанси за вториот круг на кој се надеваат Швајцарија и Еквадор.
Швајцарија се надева на победа над Хондурас и да го обезбеди пласманот во наредната фаза, доколку Еквадор не направи изненадување и ја совлада Франција. Хондурас има шанса да помине понатаму доколку ја победат Франција, но при тоа Швајцарија да не триумфира над Швајцарија со поголема гол разлика.
Табела: Франција 6 бодови, Еквадор 3 (0 гол-разлика), Швајцарија 3 (-2 гол разлика), Хондурас 0.
Во 3.коло вечерва од 22 часот играат: Хондурас – Швајцарија и Еквадор – Франција.
Од 18 часот ќе се одиграат двете средби од последното коло во Ф групата. Двојките се: Нигерија – Аргентина и Босна и Херцеговина – Иран.
Аргентина е сигурен осминафиналист со две победи и 6 бодови, Нигерија е втора со 4 бода, Иран има 1 бод, а БиХ со два пораза е без шанси за следната фаза.
Нигеријците имаат шанса да станат првата афричка селекција која ќе се пласира во следната фаза на мундијалот. За тоа ќе им биде доволен и бод против Аргентина. Иранците ќе направат историски успех доколку ја победат Босна, а Нигерија загуби од Аргентина.